Актуелниот претседател на Општинската организација на СДСМ – Охрид, Лазе Танески, е единствен охриѓанец на Предлог листата на кандидати за пратеници за претстојните предвремени парламентарни избори, што ќе се одржат на 12 април, дознава OhridNews од извори во партијата.

Претседателот на ОО СДСМ – Охрид Лазе Танески – во средината

Неофицијално, Танески ќе се најде на 4-та позиција на Изборната листа во 5 Изборна единица, која ќе ја предводи потпретседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска, а на втората позиција е стружанецот Јован Митрески.

Вечерва во Скопје ќе се одржи 24 Конгрес на СДСМ, на кој ќе бидат официјално утврдени носителите на Изборните листи и кандидатите за пратеници од СДСМ и коалицијата. На конгресот му претходат седници на Извршниот и Централниот одбор на партијата, кој се уште расправа зад затворени врати за изборните листи, а кои треба да ги потврдат делегатите на конгресот.

Г.М.
фото: Архива