Претседателот на Наполи, Ауерелио де Лаурентис ќе биде почесен гостин на трибините на мечот помеѓу Македонија и Хрватска во рамките од квалификациите за Светското првенство во Бразил 2014 година.


Тој неговото доаѓање го најавил за в петок, кога со почеток од 20:15 часот се игра натпреварот на националната арена “Филип Втори“.

Првиот натпревар одигран на “Максимир“ кога Хрватска среќно победи со 1-0 го следеше португалскиот тренер на клупата од Реал Мадрид, Жозе Мурињо.

Мх.П.