Во рамки на посетата на Република Македонија, денеска во Охрид престојува претседателот на Интернационалната асоцијација на Лајонс клубови, Махендра Амарасурија од Шри Ланка.

Причина за неговата посета е извесното прераснување на Македонија во таканаречен официјален регион Лајонс Македонија. Се очекува тоа да се случи во наредните две години во кои ќе бидат отворени уште 10 Лајонс клубови во земјава.

Амарасурија денеска се сретна со членовите на Лајонс клубовите „Охрид“ и „Десарети“ од Охрид. Тој беше примен од градоначалникот Петрески, и ги разгледа културно историските знаменитости на градот. Вечерва претседателот на Интернационалната аоцијација ќе присуствува на отворањто на Лајонс клубот во Струга.

Лајонс интернационал е една од ретките меѓународни асоцијации во која Македонија членува под уставното име.

ohridnews