Претседателот на фудбалскиот клуб Охрид, Сашо Алче, по завршувањето на саботниот натпревар на кој „сините“ дома ремизираа без голови со Металург, поднесе неотповиклива оставка на функцијата.

Во краткиот разговор што го имавме вчера, Алче ни рече дека не може веќе да ја извршува функцијата претседател на ФК Охрид бидејќи клубот е оставен сам на себе и никој не му помага.


Алче (десно) поднесе оставка на функцијата претседател на ФК Охрид

Покрај Алче од функциите се повлекоа уште неколку членови на Управниот одбор-УО на ФК Охрид.

Дали оставките на претсдателот и на дел од членовите на УО се вовед во посериозна криза во охридскиот второлигаш, или состојбите ќе се стабилизираат, останува да се види.

Г.М.