Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, со сопругата Mаја и синот Иван,  по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, присуствуваше на црковно-народниот собир во црквата „Успение на Пресвета Богородица” во село Скребатно.

Претседателот Иванов им го честиташе големиот христијански празник на бројните присутни верници и им посака добро здравје, радост и среќа.

На традиционалниот собир во Скребатно секоја година присуствуваат по неколку илјади верници.  Две децении црковниот одбор во кој членуваат повеќе истакнати граѓани по потекло од скребатскиот крај, се грижат за црквата и трпеливо го надградуваат познатото излетничко место кое од година во година привлекува се поголем број постители.

Црквата Успение на пресвета Богородица целосно е возобновена пред десет години на темелите на стариот храм, кој со точност не се знае од кога потекнува. Скребатно за прв пат во пишан документ се спомнува во 1583 година.

OhridNews