Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денес го означи почетокот на Обуката за млади лидери, проект во организација на Кабинетот на Претседателот.

– Честопати младите потенцијални лидери беа оставени сами да се снаоѓаат. Денес се врти нова страница, државата и бизнисот треба да се партнери кои со заеднички напори создаваат вистинска вредност. Денес ги поставуваме основите на она што се надеваме дека ќе прерасне во регионален едукативен центар за едукација на идните лидери, рече претседателот  Иванов во поздравниот говор пред младите лидери.

На свеченото отворање на проектот, во рамките на кој 40-ина млади
учесници ќе имаат можност да следат предавања на угледни професори и
професионалци од повеќе држави, се обрати и американскиот амбасадор Филип Рикер, кој истакна дека од оваа обука корист имаат не само учесниците, туку и државата.

Ohridnews