Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе се обрати на свеченото отворање на Летната школа на 48. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура и на Меѓународната научна конференција. 

Меѓународниот семинар, чија цел е изучување и афирмација на македонскиот јазик, литература и култура во светот, е во организација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- Скопје и традиционално се одржува во Охрид.

Оваа година на Летната школа што се одржува во рамки на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура ќе присуствуваат 78 учесници од 20 земји.

OhridNews