Кака што соопшти кабинетот на Иванов, Азнавур изјавил дека е голем пријател на Републиока Македонија и дека ќе ги поддржи и учествува во иницијативите на македонските интелектуалци и уметници при промоцијата на македонскиот јазик, култура и идентитет ширум светот. Претседателот Иванов го изразил своето задоволство за пријателството на Азнавур со македоснките уметници и во знзак на благодарност му подарил пригоден подарок „Кнежевски надградник“ од Требениште од V – VI век. Овој артефакт пронајден во некрополата во Требеништа
е изработен од златен лим во форма на потковица, на кој е изведена композиција во форма на медаљон. Во центарот на медаљонот се претставени два лава, хералдички поставени. Нивните нозе се поставени врз седум кругови, какви што имаат и на подигнатите нозе.
Претседателот Иванов го прими Азнавур во вилата „Билјана“
Охридски чун за спомен