Претседателот на државата Стево Пендаровски остро ја критикуваше Владата за процесот на вакцинација. Тој влезе во отворен конфликт со министерот за здравство Венко Филипше, откако по завршување на редовната седница на Советот за безбедност, упати критики до државниот врв што наместо дома, македонските граѓани мораат да одат во странство за да се вакцинираат.

Она што викендот го гледавме во Србија, каде се вакцинираа наштите граѓани е срам за државата и не смее да се повтори, рече претседателот Пендаровски. Членовите на Советот, нагласи претседателот, побараа користење на сите расположливи ресурси за да може секој граѓанин да ја добие неопходната здравствена заштита.

Државата не смее да дозволи ниту еден граѓанин да не биде примен на болничко лекување. Од министерот Филипче добивме уверување дека такво нешто досега не се лучило ниту ќе се случува отсега, рече Пендаровски.

Во одговор на изнесениот став на претсњедателот, министерот Филипче рече дека е изненаден од таквата реакција, посочувајќи дека сликите од Србија не се срам, туку одраз на солидарност во услови на криза.

Изненаден сум од изјавата на претседателот Пендаровски. Сликите од Србија не се срам, тоа е одраз на солидарност во услови на криза. Покрај нашите граѓани се вакцинирана и граѓани на соседните земји, но ниеден претседател не рече дека е тоа срам за неговата земја, вели Филипче во писмената реакција.

Тој посочува дека Владата прави максимални напори да обезбеди вакцини, а вакцинацијата започнува веќе од утре.

Претседателот на државата како институција исто така би требало да игра значајна улога во сите овие процеси на набавки. За жал, конкретна поддршка од Пендаровски изостана, вели Филипче. ир/сп/

Повторно се јави Претседателот, овојпат со соопштение, во кое истакна дека во целост се согласува со изјавата на министерот за здравство Венко Филипче дека сликите од Србија изминатиот викенд се израз на солидарност, но не е нешто за фалење.

Меѓутоа, тешко дека тие слики на наши граѓани кои бараат здравствена заштита во странство, откако не ја добија во сопствената земја, се за фалење, се додава во реакцијата на претседателот на Републиката на соопштението на министерот Филипче, со кое реагираше на изјавата на шефот на држвата по денешната седница на Советот за безбедност.

Во однос на процесот на набавка на вакцини, како што се наведува во соопштението на Кабинетот на шефот на државата, претседателот Пендаровски е крајно зачуден што министерот Филипче свесно не го споменува фактот дека првичните контакти со најголемите фармацевтски компании, кон крајот на декември минатата година се направени преку Кабинетот на шефот на државата.

Филипче, пак, му возврати во гостување во емисијата „Клик Плус“, истакнувајќи дека претседателот набавил нула вакцини, што е потврда дека продесот на набавка на истите оди тешко, но и дека Министерството за здравство прави напори вакцините да стигнат до граѓаните.

OhridNews