Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, денеска во детското одморалиште „Славејче” во Охрид, ги посети учесниците на детскиот музички фестивал „Златно славејче”, кои ги привршуваат подготовките за јубилејното 45 фестивалско издание.
-Македонија е горда што го има „Златно славејче“. Вашата мисија е поттик за сегашните генерации, но и генерациите кои следат – да продолжат да ги негуваат вистинските вредности, им порача претседателот Иванов на златните славејчиња.
Тие низ песна се заблагодарија за континуираната поддршка од македонскиот претседател. Ветија дека неуморно и посветено ќе работат за да постигнат уште поголеми успеси и да ни донесат уште поголеми радости во иднина.
Во 2010 година, по повод 40 годишнината од основањето, фестивалот „Златно славејче” беше одликуван од претседателот Иванов со признание „Повелба на Република Македонија”.
OhridNews