Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова во своите јавни настапи има право да го употребува името Македонија, како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација, почитувајќи ги основните човекови права и слободи и согласно европските вредности и начела, информира денеска Кабинетот на претседателката.

Претседателката Сиљановска Давкова, како што се наведува во соопштението, ќе се придржува до официјалната примена на уставното име.

Согласно Уставот, како што беше подготвена од службите на Собранието, свечената заклетва беше потпишана со користење на уставното име. Македонските институции во последниве пет години речиси целосно ги исполнија обврските од Преспанскиот договор и претседателката очекува сите македонски партнери да ги почитуваат билатералните и мултилатерални обврски кои ги презеле кон земјата, се вели во соопштението.

OhridNews