Претседателката на државата и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова, денеска ќе ги посети припадниците на Армијата од Баталјонот на специјални сили кои изведуваат обука во Кампот за обука на вода.

По пречекот со воени почести, најавија од генералштабот на Армијата, претседателката Сиљановска Давкова во придружба на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски ќе биде брифирана за капацитетите на Баталјонот на специјални сили, а способностите на припадниците на единицата ќе бидат презентирани преку показни вежби за изведување на операции на вода и приказ на боречки вештини.

OhridNews