Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе присуствува на погребната миса посветена на Неговата светост Папата Франциск, што ќе се одржи пред базиликата Свети Петар во Ватикан.
Со мисата ќе претседава Неговото Високопреосвештенство кардинал Џовани Батиста Ре, декан на Колеџот на кардиналите.
На последното испраќање на Папата се очекува да присуствуваат бројни светски лидери, претседатели и премиери, членови на кралски семејства, верски водачи и околу 200.000 верници.
Од регионот, на погребот ќе присуствуваат претседателот и премиерот на Хрватска – Зоран Милановиќ и Андреј Пленковиќ, претседателот на Црна Гора – Јаков Милатовиќ и претседателот на Србија – Александар Вучиќ.
Папата Франциск по негова желба ќе биде погребан во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим.
Поглаварот почина на 89-годишна возраст на 21 април, а како причини беа наведени мозочен удар и срцева слабост
Тој беше 226 врховен поглавар на Римокатоличката црква и суверен на државата Ватикан.
OhridNews