Делегација предводена од претседателката на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ Татјана Прентовиќ, оствари работна средба со жителите на селата Горно Лакочереј,  Долно Лакочереј и Велгошти.

Како што информираат од општинската СДСМ, на средбата било потенцирано дека СДСМ во својата програма предвидува зголемен фонд на субвенциите за земјоделците и нивно навремено исплаќање.

– СДСМ е активно на терен меѓу граѓаните и на  непосреден начин се запознава со нивните проблеми и предлози за истите да ги преточи во најсоодветни програмски решенија со кои ќе настапи на претстојните предвремени парламентарни избори, додаваат од ОО на СДСМ.

OhridNews