Централна тема на  Петтиот по ред Регионален економски форум на претседателите на државите од Југоисточна Европа 2008 (РЕФ СЕЕ), што денеска продолжува во Охрид, ќе бидат европските интеграции.

На оваа тема  под модераторство на претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски, кој е и покровител на Форумот, ќе дискутираат претседателот на Хрватска Стипе Месиќ, на Црна Гора Филип Вујановиќ, на Бугарија Георги Прванов, на Албанија Бамир Топи, членот на Претседателството на Босна и Херцеговина Небојша Радмановиќ, заменик-генералниот директор на Дирекцијата на Европската комисија за проширување Јан Трушински, како и високи претставници на влади, на водечки компании, банки и деловни асоцијации, како и припадници на академски заедници и преставници на 50 медиумски куќи од државите во регионот.

Иако беше најавено, претсдателот на Србија Борис Тадиќ, во последен момент го откажа доаѓањето во Охрид. 

Ohridnews