– Му соопштив на претседалот на Агенција млади и спорт дека нема да се кандидирам за уште еден мандат на претседателското место. Се што беше побарано од нас како федерација беше исполнето затоа ќе си одработам мандатот до крај и ќе се повлечам – рече Михајловски.
Лавината промени во РФМ тргнaа откако Ѕвонко Шундовски по завршувањето на мундијалот се повлече од селекторското место. За наследување на неговото место најголем кандидат е актуелниот тренер на Металург, Лино Червар.