На 18.10.2023 околу 15.30 часот во с.Велешта, струшко, полициски службеници од Полициската станица Струга лишиле од слобода 36 годишно лице од с.Велешта.

При претрес во неговиот дом и неговото патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одзмени еден пиштол со калибар 6.35 мм од чешко производство, со рамка со пет куршуми калибар 6.35 мм и 33 куршуми калибар 9 мм, информираат од МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews