Полициски службеници од Полициската станица Струга вчера лишиле од слобода 20 годишно лице од струшко Велешта.

При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, информираа денеска од МВР, биле пронајдени и одземени марихуана и три дробилки со остатоци од марихуана.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews

фото. Архива