На 08.06.2023 во 08.00 часот во с.Ташмаруништа, струшко, полициски службеници од Полициската станица Струга лишиле од слобода 68 годишно лице од с.Ташмаруништа.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 71 куршум од различен калибар и една воздушна пушка. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

OhridNews

фото. МВР