Во Охрид вчера полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид лишиле од слобода 44 годишно лице од Охрид.
При претрес во апартманот во Охрид, кој привремено го користел, извршен со судска наредба, како што соопшти денеска МВР, биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
OhridNews