Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид синоќа во 19.20 часот во Охрид лишиле од слобода 53 годишен охриѓанец во чиј угостителски објект при претрес била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
По преземени мерки и активности и добиена наредба од Основен суд Охрид, бил извршен претрес во неговиот угостителски објект во Охрид, при што била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Подоцна, исто така со судска наредба, бил извршен претрес и во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја и бела прашкаста материја, соопшти денеска МВР.
За настанот бил запознаен јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
OhridNews