На 22.05.2024 во 21.20 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид лишиле од слобода 29 годишно лице од Куманово.

При претрес во домот кој привремено го користел во Охрид, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, грендер и дигитална вага. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

OhridNews