Еден авион на  компанијата Ер Франс на линијата Бејрут- Париз останал неколку часа блокиран на аеродромот во главниот град на Либан, откако една патничка кај стујардесата пријавила дека во нејзиниот багаж, можеби, се наоѓа бомба која ја подметнало нејзиното поранешно момче.

Катја Салха, која има двојно либанско и француско државјанство, ја предупредила едната од стујардесите дека од поранешното момче добила порака на мобилниот телефон со која и пожелува безбедно патување. Притоа таа додала дека страхува од можноста тој во нејзиниот багаж да ставил бомба.

Сите патници морале да го напуштат авионот за да биде извршен детален претрес при што биле ангажирани и кучиња трагачи. Сепак во багажот на девојката не било најдено ништо.


претрес на авион заради љубовна афера

Катја Салха и нејзиното момче ја раскинале врската неколку дена претходно, откако нејзиното семејство ја отфрлило неговата понуда за брак.

„Девојката едноставно ја фатило паника откако ја добила пораката во која тој и посакал безбедно патување. Тоа беше чиста шпекулација од нејзина страна“ изјавил аеродромскиот претставник за безбедност.

Авионот полетал со три часа задоцнување, но без девојката која не добила дозвола да се качи во авионот.

ohridnews