Картите за забавниот настан на годината во Охрид се продаваат одлично и со очекуваното темпо. Само уште во петок тие ќе може да се купат во претпродажба по цена од 250 денари, а на денот на настанот влезниците ќе чинат 300 денари. Карти за „Зимската бајка“ можат да се најдат на продажните места во Топ Тобако“ градски плоштад, чаршија и кај чинарот, трафика „Фибос“ и мјузик шоп „Зи Зи Топ“.
Новата „Зимска бајка“ со безвременските музички хитови и најктреативниот хумор, ќе се случи на 24-ти декември, сабота, во Центарот за култура „Григор Прличев“ од 20 часот. Таа ќе не однесе на магично патување со Емилија Маринова – вокал и пијано, Драган Василески (Камелеон) – вокал, Горан Папаз – саксофон, Филип Стојковски Зизи – тапани, Јане Тодороски – бас и Роберт Милески – гитара. Специјален гостин на шоуто е полуфиналистот од неодамна одржаниот светски натпревар во стендап Никола Тодороски, кој ќе настапи со нов материјал, ексклузиво подготвен за оваа прилика.
Местата се ограничени, а цената на влезниците на денот на одржувањето на „Зимската бајка“ ќе биде повисока, затоа искористете го последниот ден од претпродажбата (петок) и обезбедете си влезница за најголемото и најдоброто претпразнично шоу во Охрид.
OhridNews