„Соработка помеѓу универзитетите и претпријатијата“ беше тема на Конференцијата што со помош на Фондот за развој на човечки ресурси и Европската агенција за реконструкција се одржа денеска во Факултетот за туризам и организациони науки во Охрид.
Целта е на овој начин да се иницира поблиска соработка помеѓу претпријатијата и високообразовните институции, особено во обавување на праксата на студентите и креирањето на наставните програми. Спроведувањето на студентска пракса во претријатијата е проверен метод, но за да се развива потребно е менување на наставните програми, смета деканот на ФТОН, проф. д-р Софроние Миладиноски. Токму затоа нашиот факултет ги реализира ваквите работилници, додаде Миладиноски.
Потребно е менување на наставните програми-Миладиноски
ФТОН е еден од првите што ја применува ваквата стратегија и очекува подршка од Фондот за развој на човечки ресурси во обезбедување на странски експерти за имплементација на овој процес, рече продеканот на ФТОН проф. д-р Сашо Коруноски. Иако Конференцијата беше посветена на соработка помеѓу универзитетите и претпријатијата, изостана присуството на претприемачите што само по себе говори дека Македонија е сеуште далеку од светските трендови каде соработката помеѓу универзитетите и претпријатијата е дамнешна пракса.
ohridnews