Доколку регистрирате недобитен лоз од инстант лозот ЕКО СКУТЕР преку веб-страната www.loto.mk учествувате во бонус играта која може да ве донесе до лото студиото во Канал 5 Телевизија, каде што може да завртите тркало на среќата и да добиете паричен бонус до 150 000 денари. Сите други регистрирани лозови, а неизвлечени за учество во студио, остануваат во игра за извлекување на два неверојатни BMW X1, информираат од Државна лотарија на Македонија.
Важно е и да потсетиме дека за време на празниците, најзабавниот подарок што може да го дадете некому е токму – пакет инстант лозови Еко скутер. Овој инстант лоз чини 60 денари (доколку го купувате поединечно), но пакет од 6 инстант лоза ќе ве чини 300 денари при што добивате и повеќе шанси да освоите, или подарите, една од 365-те премии како електричен тротинет, велат од Државна лотарија
Од започнувањето на бонус играта „Заврти екоскутер тркало“ на 6 ноември веќе има среќни добитници, коишто со едно вртење на тркалото на среќата добиле и до 150 000 денари.
Среќните добитивни се Анета Спасојева од Радовиш која беше прва учесничка во бонус играта „Заврти екоскутер тркало“ која ги „одмери силите“ со тркалото на среќата и си замина со освоен бонус од 150.000 денари.
Вториот извлечен гостин од оваа игра кој освои 150.000 денари е Ценко Ивановски од Битола кој регистрирал повеќе недобитни инстант лозови на www.loto.mk, од коишто со еден беше извлечен. Остатокот од другите негови регистрирани недобитни инстант лозови влегуваат во игра за првиот автомобил BMW X1.
Третиот извлечен учесник во бонус играта. „Заврти екоскутер тркало”, освои 100.000 денари е Трајче Мушев од Кавадарци кој исто така регистрирал повеќе недобитни ЕКО СКУТЕР лозови, на веб страната www.loto.mk, но не очекувал дека токму тој ќе биде специјален гостин во 93 коло на Лото 7 и ќе добие можност за бонус добивка.
Александар Гроздановски од скопската населба Кисела Вода, освои бонус од 100.000 денари.
Во ТВ емисијата на 97 коло од Лото 7 учествуваше Тина Белобрадиќ од Скопје која со вртење тркало на среќата освои бонус вреден 50.000 денари. Тина, само што слушнала за новата бонус игра регистрирала вкупно 18 недобитни инстант лозови ЕКО СКУТЕР. Еден од 18-те регистрирани недобитни лозови ја доведе Тина во ТВ студиото на Лото 7, останатите нејзини 17 лозови учествуваат во првото извлекување за BMW X1, закажано за 8 јануари 2022 година.
Можноста за учество во бонус играта трае заклучно со 23.3.2022 година. Во тек на овој период, по еднаш седмично, секоја сабота во лото емисијата, се извлекува по еден од учесниците којшто ќе биде поканет во живо, да го заврти тркало на среќата со можност да освои паричен бонус (50 000, 100 000, или 150 000 ден.). Сите недобитни регистрирани инстант лозови ЕКО СКУТЕР влегуваат во игра за две возила BMW Х1, и тоа со две извлекувања, по електронски пат ‒ на 8 јануари и на 19 март 2022 година.
Од продажбата на инстант лозот ЕКО СКУТЕР покрај редовните 6 % коишто се изделуваат во републичкиот буџет за општествено одговорни цели, дополнителни 10 % Државна лотарија, во соработка со Црвен крст, посветува на поддршка на најнемоќните лица за борба со КОВИД-19.
OhridNews