Екипите на Сатеска и Дебрца во претпоследната рунда од есенската полусезона во Третата македонска фудбалска лига југо-запад силите ќе ги одмерат со Преспа односно Фљамуртари на гостински терен.

Сатеска во Ресен на мегдан против Преспа патува после ремито со лидерот на табелата Велешта додека Дебрца во средбата со Фљамуртари влегува во позитивна серија и голема самодоверба.

На две рунди пред крајот Велешта ја осигура шампионската титула во есенската полусезона и стигна на половина пат од целта-пласман во Втората лига.

Двојки:

Караорман – Новаци

Велешта – Кравари

Преспа – Сатеска

Октиси – Македонија

Лирија Грнчари – Стрела Спорт

Црно Буки – Влазними

Фљамуртари – Дебрца

Табела: Велешта 28, Црно Буки 21, Влазними 19, Октиси 19, Фљамуртари 18, Преспа 17, Лирија Грнчари 17, Новаци 15, Кравари 14, Караорман 14, Сатеска 12, Дебрца 11, Македонија 9, Стрела Спорт 4

OhridNews