Времето денеска претпладне умерено облачно со слаб до умерен јужен ветер. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер(над 60км/ч.) и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. УВ индексот ќе има вредност 6.

Во Охрид претпладне умерено облачно, попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Во наредните денови, до среда времето ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. На повеќе места процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. Од четврток ќе настапи стабилизирање на времето со постепен пораст на дневната температура.

OhridNews