Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне и кон крајот на денот со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималните температури ќе биде во интервал од 17 до 24 степени.

Во Охрид ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне ќе има појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, повремено и засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 18 степени.

За време на викендот ќе преовладува стабилно и релативно топло време, а на почетокот на следната седмица повторно ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи, велат од УХМР.

OhridNews