Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. Во Огрид до 30 степени. УВ-индексот ќе има вредност 6.

Според прогнозата на УХМР до средината на следната седмица под влијание на циклонска активност во Медитеранот, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со постепен пад на дневната температура. На повеќе места процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.

OhridNews