Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 40 степени. УВ зрачењето изнесува осум.

Во Охрид времето ќе биде претпладне сончево со мала  облачност, попладне со услови за дожд. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степени.

УХМР соопшти дека утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.

Од недела и во текот на следната работна седмица во попладневните и вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Минималните температури ќе се задржат високи, а дневните ќе бидат во постепено опаѓање.

OhridNews