Времето денеска во земјава во претпладневните часови ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Максималната температура ќе се движи од 25 до 34 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Охрид, сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за врнежи од дожд во форма на невреме. Дневната температура ќе достигне до 25 степени.

Во наредните денови во претпладневните часови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално со поинтензивни процеси, особено во сабота. Температурите ќе бидат во пораст, а особено топло се очекува во почетокот на наредната седмица кога на места температурите ќе надминуваат 35 степени.

OhridNews