Утрово во Охрид се измерени 6 степени Целзиусови. Изминатото деноноќие во градот наврнале 5 литри дожд на метар квадратен, информира УХМР.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне во западните делови, а кон крајот на денот и во текот на ноќта на повеќе места со врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени.
Г.М.