Претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне на места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура во Охридскиот регион ќе достигне до  30 степени, информира УХМР.

Слично време се очекува и во текот на утрешниот ден. Индексот на УВ зрачење ќе изнесува 7.