Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. На повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време (над 30л/м2), грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 6.

Во Охрид ќе биде претпладне сончево, попладне со услови за дожд. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Според прогнозите на синоптичарите, до петок ќе се задржи променливо облачно, нестабилно и малку посвежо време со пороен дожд и грмежи. За време на викендот, времето ќе биде стабилно и потопло, а од понеделник кон крајот на денот повторно се очекува локален пороен дожд и грмежи.

OhridNews