Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер, претпладне од северозападен, а попладне од југозападен правец. Во вечерните и ноќните часови во западните подрачја ќе започнат врнежи од снег.

Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13 Целзиусови степени.

DCIM102MEDIADJI_0276.JPG

Во Охрид ќе биде сончево со мала до умерена облачност која попладне ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно југозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.

Под влијание на влажен бран во вечерните и ноќните часови во западните делови од земјава ќе започнат врнежи од дожд и снег, кои ќе продолжат и утре и ќе се прошират насекаде. Наместа врнежите ќе бидат пообилни и на југоистокот ќе започнуваат како дожд. На повеќе места и особено на западот ќе се формира нова снежна покривка, а на планините таа ќе се зголеми. Локални врнежи од снег ќе има и во среда претпладне претежно во југоисточните делови од земјата, информира УХМР.

OhridNews