Претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд проследен со појава на грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.

Од УХМР информираат дека минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Охрид претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Во текот на новата работна седмица ќе преовладува променливо време, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина наврнат воден талог), силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град, велат од УХМР.

OhridNews