Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, наместа засилен ветер од североисточен правец. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и град. Максималната температура ќе достигне од 26 до 33 степени. UV=6

Во Охрид претпладне сончево попладне со услови за дожд. Максималната температура ќе достигне до 26 степени.

Од недела следува период на претежно стабилно време, освен во планинските подрачја каде ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст.

OhridNews