Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Охрид ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за дожд. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 29 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до петок во попладневните часови ќе има честа појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Дневните температури постепено ќе опаѓаат.

OhridNews