Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени Целзиусови.

Во Охрид ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за краткотраен пороен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 19 степен Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од утре следува период на стабилно и топло време, а дневните температури ќе бидат повисоки за 3 до 5 степени.

OhridNews