Времето претпладне ќе биде сончево со умерена до знчителна облачност. Попладне под влијание на влажен бран во западните делови ќе има врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се интензивираат и ќе се прошират во останатите подрачја.
Пообилни врнежи ќе има во северозападните делови, каде локално ќе наврнат над 30л/м2. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.
Утринската температура во Охрид ќе се спушти до 9, а дневната ќе достигне до 18 степени.
Во петок времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, особено претпладне. На места врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи. Потоа следува период на претежно стабилно време со ниски утрински температури.
OhridNews