Наутро студено, а преку денот претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во Охрид времето денес претежно сончево. Температурата во интервал од -1 до 7 степени.

Утре претпладне ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури, кои насекаде ќе бидат под нулата. Потоа следува период на променливо облачно време со повремени врнежи, кои во сабота се очекува да бидат пообилни, велат од УХМР.

OhridNews