Утрото ведро и многу студено, преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Во Охрид времето денес претежно сончево со слаб северен ветер.Максималната температура ќе достигне до 5 степени.

Утре ќе се задржи претежно сончево време, наутро студено со многу ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштат и под -10 степени. Од недела следува период на променливо облачно време со појава на магла и ниска облачност по котлините, а од понеделник ќе има услови за слаби локални врнежи претежно од дожд.

OhridNews