Претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15 степени.
Во Охрид времето денес претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.
Следува период на стабилно време со ниски утрински температури кои до петок насекаде ќе бидат под нула. Дневните температури ќе бидат во пораст. Денес и утре ќе дува умерен северен, а од петок јужен ветер кој во деновите од викендот ќе биде со засилен интензитет.
OhridNews