Времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла или значителна ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени.
Во Охрид, времето сончево со локална облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Во четврток во текот на денот облачноста ќе се зголемува. Од петок следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.
OhridNews