Наутро со услови за појава на мaгла понекаде во котлините. Преку денот ќе биде сончево и натпросечно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец.

Во Охрид претежно сончево со мала локална облачност и толо. Минималната температура до 0, максималната до 13 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и суво. Наутро ќе има услови за појава на магла по одделни котлини. Во текот на работната недела дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината иако постепено ќе опаѓаат.

OhridNews