Времето денеска ќе биде сончево и натпросечно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 20 степени.
Во Охрид претежно сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 13 степени.
Од УХМР информираат дека и во следните денови ќе се задржи стабилно и суво време со пораст на температурите кои ќе бидат над просекот за овој период од годината.
OhridNews