Претежно облачно, по одделни котлини со појава на магла. Во текот на денот ќе има повремен локален дожд, особено во југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој долж Повардарието краткотрајно ќе засилува.
Во Охрид претежно облачно со услови за дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој краткотрајно ќе засилува. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.
Утре и за време на викендот врнежите наместа ќе имаат пороен карактер. Во недела и понеделник на планините и на некои повисоки места претежно во северните и североисточните делови врнежите ќе бидат повремено од снег.
OhridNews