Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност која попладне ќе се зголеми. Ќе дува слаб претежно северен ветер. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла.

Во Охрид времето денес претежно облачно. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

Утре ќе се задржи претежно облачно, а потоа кон крајот на денот, во текот на ноќта и во понеделник особено претпладне, ќе има појава на повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од повремен слаб снег. Од понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, а утринските температури ќе бидат во опаѓање.

OhridNews