Претпладне со појава на магла по одделни котлини. Преку денот променливо облачно, а облачноста попладне особено во источните делови ќе се намалува. Понекаде и особено во планинските региони може краткотрајно да провејува слаб снег. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7 степени.

Во Охрид времето денес претежно облачно. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.

Од утре ќе преовладува стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските температури насекаде ќе бидат под нула, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени. По котлините ќе има појава на магла и пониски дневни температури, велат од УХМР.

Утринските температури во државава се движеа од  -7 Попова Шапка, Маврови Анови, -5 Крушево, -4 Крива Паланка, -3 Берово, Дебар, Виница, -2 Тетово, Битола, Прилеп, -1 Охрид, Претор, Штип, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, 0 Скопје-Петровец, Струмица, Велес, Демир Капија, 2 Гевгелија.

Висината на снежжната покривка во 07 часот (во сm) е 57 на Попова Шапка, 50 Маврови Анови, 33 Крушево, 25 Битола, 24 Тетово, 17 Берово, Штип, 16 Прилеп, 14 Демир Капија, 10 Претор, 9 Скопје – Петровец, 5 Охрид, 4 Струмица, Крива Паланка.

OhridNews